Речиси секој од нас се соочил со предизвици поврзани со менталното здравје. За среќа повеќето од овие ментални проблеми денес се добро разбрани и лесно се третираат. Но, постојат нарушувања кои се толку ретки и уникатни што професионалците немаат можност ни да се соочат со нив. Погледнете дел од најретките на оваа листа.
- Раце убијци: Синдром на туѓа рака
Овој синдром понекогаш е наречен и Доктор Стрејнџлав според ликот од култниот филм. Изгледа дека нарушувањето на главниот лик е реалност. Рацете на луѓето со ова нарушување имаат своја волја. Понекогаш раката дури и се обидува да го убие својот сопственик со давење. Синдромот обично се појавува по повреда на главата или мозочен удар. Повеќето луѓе соочени со овој проблем ја врзуваат „туѓата“ рака за да не се повредат. За жал, сè уште не постои третман за оваа болест.
- Мравки во панталоните: Синдромот Екбом
Луѓето со овој синдром мислат дека имаат проблем со паразити, но сè се случува во нивната глава. Можеби мислите дека кога лекарот ќе ви каже дека не сте нападнати од бубачки ќе почувствувате олеснување, но обично овие новости се целосно одбиени и пациентите имаат потреба од психијатриска помош. На многу луѓе им се потребни години за да се ослободат од проблемот. Најчести карактеристики на луѓето со синдромот Екбом се старост, осаменост, лични проблеми, болести со кожата во семејството и проблеми со хормоните. Овие луѓе се и многу тврдоглави. Лекарите тврдат дека најтешкиот дел од третманот е убеденоста на пациентите. Тие едноставно одбиваат да веруваат дека нема бубачки.
Ако се појави доказ дека има какви било инсекти, пациентот уште повеќе ќе се убеди во својата илузија. Ако пациентот се појави со гребаници и тврди дека е заразен од инсекти, лекарите се разбира ќе го проверат за инфекција. Проблемот е што оваа проверка уште повеќе ги убедува пациентите дека се во право.
- Следи го зајакот: Синдром Алиса во Земјата на чудата
Овој синдром вклучува разни телесни нарушувања. Некои од пациентите имаат нарушена перцепција за нивната големина, исто како Алиса во култната приказна. Тие можат да се гледаат како премногу мали или премногу големи. Овој синдром има епизоди кои обично траат по еден час, и ретко повеќе од еден ден.
Понекогаш пациентите го губат и чувството за време. Може да чувствуваат дека летаат или дека немаат допир со нивното тело. Иако овој синдром често е поврзуван со мигрени и епилепсија, понекогаш причината е употреба на халуциногени супстанци. Без разлика на причината, овој синдром е безопасен.
- Опасност од странци: Синдромот Капграс
Луѓето со овој синдром веруваат дека некоја личност што ја познаваат е заменета со натрапник. Тие дури веруваат дека нивното милениче или покуќнина се заменети со натрапник. Пациентите често имаат анксиозност и збунетост, како и гневно и агресивно однесување кон личноста или предметот за кој сметаат дека е натрапник. Синдромот е именуван според францускиот психијатар Џосеф Капграс и прв пат е класифициран во 1923-та година. Најверојатно причината за негова појава е оштетување на мозокот, деменција или Алцхајмерова болест.
- Секој ден е Ноќта на вештерките: Синдромот Фреголи
Синдромот Фреголи е малку различен од синдромот Капграс, но постојат некои сличности. Пациентите со ова нарушување веруваат дека многу луѓе околу нив се всушност истата личност со разни маски. Синдромот е прв пат откриен во 1927-ма година кога една жена верувала дека нејзините омилени актерки биле преправени како нејзини пријателки, вработени, па дури и странци.
- Mais, Oui, Monsieur: Синдром на странски акцент
Овој синдром најчесто е резултат на повреда на мозокот или мозочен удар. Најпознатиот случај со овој синдром е забележан од еден норвешки невролог. Луѓето со овој синдром немаат речиси никаква контрола над нивниот акцент. Кога почнуваат да зборуваат, акцентот се појавува без нивна волја. Ова може да има влијание на нивното изразување и да предизвика збунетост кај соговорникот.
- Сочувствителност: Синдромот Лима
Сигурно имате слушнато за Стокхолмскиот синдром, односно кога заложникот чувствува наклонетост кон киднаперот. Ова може да се развие и во друга насока и се нарекува синдромот Лима. Името доаѓа од заложничка ситуација во Перу каде што киднаперот развил сочувство кон заложникот во 1996-та година. Киднаперите ги ослободиле заложниците по само неколку часа. Дури и им се обраќале со „пријатели“. Киднаперите кои се во таква ситуација најчесто не чувствуваат контрола, а вака се чувствува и киднапираната личност. Без разлика какви претпоставки имате за некое злодело, најчесто станува збор за личност во криза. Емоциите го достигнуваат врвот и криминалецот е во навистина ранлива состојба. Поради ова нормално е да почне да се сочувствува со заложниците.
- Зелениот демон: Синдром на луда љубомора
Овој синдром предизвикува екстремна параноја. Пациентите почнуваат да обвинуваат, па да се изолираат, да го испрашуваат, а некогаш дури и физички да го повредат нивниот партнер. Ова се случува без никакви докази за неверството на партнерот. Луѓето со ова нарушување се целосно опседнати од помислата дека партнерот ги изневерува и не можат да се ослободат од верувањето без разлика на она што се случува во реалноста.
- Расплаканиот лутач: Синдромот Ерусалим
Овој синдром најчесто се појавува кај религиозно мотивираните патници кои одат кон светиот град. Сигурно имате слушнато за луѓе кои веруваат дека се Исус или Дева Марија. Овие луѓе најверојатно страдаат од синдромот Ерусалим. Ова нарушување може да биде разна форма на психотична состојба манифестирана од страна на посетителот на светиот град. Истражувањата покажале дека најчесто се појавува кај премногу религиозните семејства, но може да се појави и кај туристи кои имаат историја со ментални нарушувања.
Пред 50 години синдромот бил многу почест, па во Ерусалим имало цела психијатриска болница направена специјално за туристите со ова нарушување.
- Фантазија во Фиренца: Синдромот Стендхал
Ова нарушување, познато и како синдромот Фиренца, вклучува силно чувство предизвикано од ценење на уметноста. Синдромот најчесто се појавува во Фиренца, Италија која е полна со неверојатни уметнички дела. Повеќето луѓе со овој синдром чувствуваат дека летаат само затоа што виделе религиска слика или скулптура. Срцето им чука забрзано, се потат, имаат грчеви во стомакот и чувствуваат еуфорија која може да се претвори и во депресија.
Одредени луѓе се поранливи на оваа појава, а тоа што се далеку од дома само ги засилува симптомите. Покрај тоа некои луѓе чекаат цел живот да посетат и да видат некои од делата. За среќа, симптомите исчезнуваат за неколку денови. Всушност, еден експерт за ова нарушување смета дека синдромот може целосно да се избегне ако не посетувате премногу музеи во краток период.
- Љубов кон Париз: Синдромот Париз
Париз изгледа совршено на разгледници и во филмови. Но во реалноста големите градови можат да бидат со многу гужва и тешки за движење. Најчесто овој синдром се појавува кај јапонските туристи кои се навистина фасцинирани од градот на светлината. Јапонската култура се фокусира на почитта, како и ставање на туѓите потреби пред своите. Па синдромот Париз може да биде вистински културен шок бидејќи Париз баш и не е познат по културната толеранција на туристи. Но ова не значи дека секој културен шок треба да се гледа како ментално нарушување. Границата се поставува со помош на професионалците за ментално здравје. Колку повеќе луѓе ќе побараат помош од лекар за нешто, тоа може да стане навистина чуден синдром. Покрај тоа јапонската амбасада во Париз има и линија што работи 24 часа за луѓето кои страдаат од синдромот.