Многу често се случува таблетите кои се препишуваат како терапија да се кршат на два или три дела. Со оваа постапка пациентот може да внесе количина на лек која е недоволна или поголема од очекуваната. Причината се крие во тоа што кај некои таблети активната супстанца е распоредена неправилно во таблетата така што со кршењето на истата пациентот не може да биде сигурен колкава количина на лек внесува.
Кршењето на таблетите на половина е дозволено само по препорака на лекар и тоа само кај оние таблети кои на средината имаат исцртана линија т.е. вдлабнатина. Иако кршењето на таблетите можеби е поевтин начин на лекување, треба да се практикува многу внимателно и исклучиво по препорака од лекар.
Особено треба да се обрне внимание кога се земаат таблети за спиење. Таблетите за спиење, според препораките на лекарите, не би требало да се кршат бидејќи активната супстанца е распоредена низ целото апче, па со кршењето пациентот би добил несоодветна количина на лек која би требало да му помогне.
Исто така никако не смеете да ги кршите обложените апчиња, гел капсулите и таблетите со продолжено пакување.