Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 32 оздравени пациент од: Скопје – 13, Радовиш – 4, Битола и Кратово – по 3,Прилеп – 2, Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово – по 1.
Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Направени се 2.853 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово–40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–21, МАНУ-99, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-350, Биотек-373, Систина-132, лабораторија Лаор-202, Синлаб-87, Ремедика-33, Плодност–45, Генеа–10, Никоб лаб-102, ВФВ Медикал-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 920.
Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.