Во текот на вчерашниот ден претседателот на Општинскиот Комитет Ѓорче Петров на ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојаноски заедно со генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев и помала група на граѓани беа да ја видат депонијата која што опстои и функционира на брегот на реката Лепенец, а која преставува смртна закана за жителите во околните куќи како и за жителите на цела населба Ѓорче Петров.
– Бевме на депонијата покрај реката Лепенец која е еден од најголемите загадувачи на воздухот во нашата општина. Една година по владеењето на Наумоски како градоначалник на оваа општина нема ни трага ни глас од ветените спортско – рекреативни сордржини на оваа локација. Единствена мерка на општина Ѓорче Петров за прочистување на амбиенталниот воздух е гасењето на мерната станица. – изјави Бојан Стојаноски
Дали граѓаните на оваа скопска општина треба да ги трпат небулозите и да бидат доведени на работ на истребување чекајќи локалната власт да реагира, да ги превземе потребните мерки и да почне да ги остварува дадените ветувања пред граѓаните на населбата Ѓорче Петров? Каде е градоначалникот да даде одговор на ова прашање, прашуваат по социјалните мрежи жителите на Ѓорче Петров