- Алги
Најдобри се како прилог зеленчук. Содржат витамини Ц и Б, т.е. влакна кои даваат чувство дека сте сити. Витаминот Б има важна улога за метаболизмот.
- Јаболка
Освен витамин Ц, содржат и лесно варливи јаглени хидрати и пектин кои помагаат во намалување на нивото на холестерол.
- Горка диња
Денес се користи за третман на дијабетес. Според истражувањата во телото го активира лачењето на хормон кој се создава во масното ткиво и кој заедно со останатите хормони влијае на регулирање на чувството на глад и ситост.
- Колин
Телото го произведува самостојно во доволна количина, а дополнително се внесува со консумација на јајца и соја. Ги разградува мастите и го забрзува процесот на слабеење.
- Хром
Еден од најважните елементи во траги кои треба да се внесува редовно. Недостиг на хром го попречува користењето на глукозата.
- Прескокната вечера
Без вечера ќе постигнете хормонална рамнотежа и полесно разградување на масното ткиво.
- Аминокиселини
Триптофан, фениланалин, леуцин, лизин, треонин – се клучни аминокиселини кои се внесуваат во телото преку исхраната. Ги има во рибата (посебно во туна), лешниците, месото, оризот, гравот, млекото, јајцата и компирите.
- Спорт
Било кој вид телесна активност е подобра за духот и телото од само седење и лежење.
- Користете го мозокот
Концентрираната работа е напорна за мозочните клетки, но поттикнува трошење калории.
- Грејпфрут
Топи масти, а најголем ефект се постигнува кога консумираме грејпфрут кој не е потполно созреан.