Директорот на „ГОБ 8 Септември“ вели дека ковид центарот е преполн

Бројот на новозаразени од Ковид-19 рапидно расте. Болниците во државава се преполни со пациенти. На сите инфективни одделенија во моментот се наоѓаат над 400 лица заболени од коронавирус, што е…

Бројот на новозаразени од Ковид-19 рапидно расте. Болниците во државава се преполни со пациенти. На сите инфективни одделенија во моментот се наоѓаат над 400 лица заболени од коронавирус, што е највисок број досега хоспитализирани пациенти.

Нема место во болниците во Прилеп, Струмица, Куманово и Велес за прием на пациенти заболени од Ковид-19.

И ковид центарот во болницата “8-ми Септември” е преполнет. Директорот д-р Христијан Костов за медиумите изјави дека во текот на вчерашниот ден примил безброј телефонски повици за да се хоспитализираат болни од коронавирус и сите ги одбил бидејќи нема повеќе болнички кревети.

И додека директорите на болниците алармираат дека нема веќе болнички кревети за заразените од Ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче ја убедува јавноста дека болниците се во добра состојба и има слободни легла и за медиумите соопшти дека притисокот врз болничките капацитети е намален во инфективните одделенија низ државата.

Состојбата е сериозна, Европа и светот преземаат сериозни мерки, а како ние ќе се движиме зависи од работата на министерството за здравство.


Related Articles