Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со Зоран Заев планираат да направат заем од дополнителни 500-тини милиони евра, а неможат да ги одржуваат и да се грижат за капацитетите кои веќе ги има и постојат во рамките на постоечкиот клинички центар.
Како тоа ако не може да се грижиме и да го чуваме тоа што го имаме ќе се охрабриме да градиме ново, да го направиме и тоа ќе биде подобро и тоа ќе го чуваме. Не иде тоа така.
Ако домаќински се однесуваше министерот за здравство Филипче, ќе го средеше и исчистеше од смет и отпад клиничкиот центар, посебно во вака топли денови кога медицинскиот отпад и отпадот кој се разградува може да предизвикаат многубројни инфекции или да бидат место каде ќе се развијат разно разни вируси, бактерии кои можат да бидат потенцијална закана за секој оној кој во моментот се движи и/или има потреба и е на работно место и/или има потреба од медицинска помош во рамките на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Објективот на нашата камера ги фати овие грозоморни слики на натрупан смет и отпад под клиниките за хирургија, поточно во нивниот подрум, кој е на отворено, незаштитен и оставен на временските услови.
– Г-не министре, со вакво постапување и раководење на институциите, клиниките во рамките на клиничкиот центар неможете како министер да демонстрирате дека имате капацитет и способност да го избуткате проектот за нов клинички центар. – посочуваат граѓаните кои ги сретнавме. Да не збориме, дека нема готов проект, нема транспарентно презентирање пред граѓаните, бидејќи сепак на крајот станува збор за пари до народот, треба да се објасни како и за што, колку и каде ќе се потрошат финансии и на крајот колку треба да врати народот за позајмени 500 милиони евра?
Воедно забележавме дека веќе неколку дена, а можеби и подолго не функционираат лифтовите во клиниките за хирургија, дали и тоа е една од мерките со кои ќе се покаже дека клиничкиот центар не е доволно добар треба да се гради нов, незнаеме. Ние како редакција ја пренесуваме информацијата за моменталната состојба во клиничкиот центар и со што се соочуваат нашите сограѓани, граѓаните кои плаќаат данок, граѓаните кои имаат потреби од медицинска услуга или помош во овие денови и на кој начин и во какви услови и установи истата им се пружа благодарение на министерот Филипче и неговите заложби и негрижа околу и за клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Но, без проблем и трошка срам, деновиве идејата за еден понов, подобар клинички центар кој вреди пола милјарда се лиферува низ јавноста и продава како идеја спасителка и дека тоа е излезот, исто како и 500-те евра плата за секој вработен, минимална плата, исто како бесплатното здравство низ цела Европа, исто како и безброј други ветувања кои не дојдоа на ред да се изрелизираат бидејќи идејата за профит, полни џебови и богатење со народни пари станаа преку ноќ приоритети на оваа влада, а воедно и на сите министри. – коментира народот, вријат социјалните мрежи од вакви и слични коментари, граѓаните револтирани посочуваат