Доколку се чувствувате постојано поспани, експертите објаснуваат зошто е тоа така

Кај луѓето одвреме-навреме се случува мала поспаност во текот на денот, но ако тоа е премногу често и чувството дека треба повеќе сон од препорачаните 7-8 часа, е преголемо, тоа…

Кај луѓето одвреме-навреме се случува мала поспаност во текот на денот, но ако тоа е премногу често и чувството дека треба повеќе сон од препорачаните 7-8 часа, е преголемо, тоа може да биде причина за загриженост. Следува дел од причините за прекумерна поспаност…

„Долг“ во спиење: Доколку одреден период секоја вечер не спие онолку колку што му треба, се вели дека човекот „должи“ сон. Тоа се насобира со текот на времето, па ако периодот трае, недостаток на сон може да се појави дури и поради една ноќ недоволно спиење. А, може да минат неколку дена додека „целосно закрепнете“, вели психијатарот и специјалист за медицината на спиењето, Алекс Димитриу.

Кафе и алкохол: Квалитетот на сонот е исто толку важен како и количината на спиење. Важно е мозокот да мине низ правилните фази на спиење во текот на ноќта, а многу супстанции може да го нарушат тоа. На пр., два вообичаени виновници за нарушувања на спиењето се кофеинот и алкохолот, вели Димитриу. Кофеинот може да доведе до подолго време за заспивање, со што сонот е со покревок и пократок во целина. Едно истражување посочува дека кофеинот го намалува вкупното време на спиење за повеќе од еден час во една ноќ. Алкохолот ја скусува и фазата на РЕМ-спиење.

Лекови: Лекарствата, исто така може да предизвикаат прекумерна поспаност, смета Димитриу. Може да ги забележите овие несакани последици, особено кога првпат земате некој лек. Примери на лекови коишто предизвикуваат поспаност се: оние против алергија, против анксиозност, антидепресиви, антипсихотици, антиконвулзиви, лекови за висок крвен притисок, мускулни релаксанти, лекови против болки, вели стручњакот.

Апнеја при спиење: Апнејата во сон се случува кај 25 отсто од мажите и 10 отсто од жените. Тоа е состојба на привремен прекин во дишењето, што резултира со нарушувања на спиењето и кревок сон, вели д-р Мејр Кригер, овластен пулмолог и стручњак за медицина на спиењето при Универзитетот Јејл.

Нарколепсија: Ако некој е екстремно уморен во текот на денот, до тој степен што ненадејно заспивате каде и да сте, можеби има нарколепсија. Состојбата е релативно невообичаена, а зафаќа само еден од 2.000 луѓе во САД и Западна Европа, вели Кригер. Нарколепсијата е состојба во којашто мозокот има проблем да ги контролира циклусите на спиење и будење.

Синдром на „немирни нозе“: Главниот симптом на оваа појава е невообичаена и „неодолива желба“ човекот да ги движи нозете ноќе. Кригер вели дека ова обично се влошува при одмор и дење, и/или ноќе, што може да доведе до проблеми во спиењето.


Related Articles