На социјалните мрежи по одговорот на министерот Филипче дека нема да има еднакво покачување на платите на целиот медицински персонал, дека докторите ќе добијат од Јануари 2019 година, 10% зголемување на платата, медицинските сестри само 5% исто од Јануари и дека техничарите, болничарите и останатиот медицински персонал ќе добијат покачување од 5% од Септември 2019, започнаа жустри коментари и разно разни постови, некои од нив ги подржуваа медицинските сестри и техничари или го критикуваа министерот.
Еден таков коментар на социјалните мрежи остави и доктор Игор Николов, кој безрезервно ги подржува медицинските сестри и останатиот медицински персонал. Тој на својот профил објави статус со кој посочува дека медицинските сестри и техничари се неизоставен дел од медицинскиот ТИМ во една амбуланта, хирургија, здравствен дом или клиника.
Доктор Николов, посочува дека ТИЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ТИМОТ КОЈ ЛЕКУВА! Без медицинскиот персонал нема дијализа,нема нега на нефролошки болните, нема трансплатација. Николов исто така посочува преку неговиот пост дека без медицинските сестри и техничкиот персонал неможе да има здравствен систем воопшто.
Кој сега ги двои тимовите, дали е тоа министерот? Кој сака да направи раздор и некоректна поделба помеѓу медицинскиот персонал по болниците? Каде е министерот да објасни зошто се одлучил на ваков потег? Ако се нема во буџетот доволно средства можеше да се даде зголемување од 6% за сите наместо вака – се дел од коментарите на социјалните мрежи