Ако кожата ви е склона кон појава на темни дамки на лицето, кои тешко избледнуваат сами од себе, или имате темни кругови околу очите, тогаш треба и вие да преземете некој чекор за нега.
Решението е сосема природно и евтино – јогурт и магдонос. Еден врзоп магдонос се ситни во блендер, додека да се добие смеса слична на песто сос. Се меша со две лажици јогурт. Бидејќи смесата е прилично течна, заштитете се со крпа, за да не ја извалкате облеката.
Нанесете од смесата на лицето и оставете да отстои 10 минути. Можете да ја повторувате постапката двапати неделно. Направената маска има рок на траење, ако стои во фрижидер, 4-6 дена.