Министерот за здравство Венко Филипче дека новата Клиничка болница во Штип сепак ќе биде готова наредната година, наместо на крајот од 2018 година.
– Иако иницијално првичната проценка беше дека градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година, после застојот од неколку месеци, рокот е пролонгиран. Работниците се повторно во објектот и очекуваме тој да биде завршен во септември 2019 година. Интензивно ќе почне да се работи на делот, каде што треба да биде сместен акцелераторот. Се надевам дека тој дел ќе биде спремен и порано од останиот дел на болницата и тука ќе може да се смести акцелераторот, кој веќе е набавен и подолго време седи неотпакуван, и на тој начин ќе им се пружи нова услуга на пациентите, вели Филипче.
Како тргнало со пролонгирање на роковите, прашање е кога новата болница во Штип ќе им биде достапна на повеќе од 200 000 граѓани од источниот и југоисточниот регион.