При посетата на штипската Клиничка болница министерот Филипче се сретнал со семејството на 28-годишната родилка од Свети Николе, која почина по раѓањето на здраво машко дете.

„Извештајот од Комисијата која е формирана од страна на Министерството е готов, но се чека и на официјалниот наод од обдукцијата, која ја има извршено Судска медицина. Во текот на наредната недела ќе биде комплетирана документацијата по што ќе биде предадена на раководството на болницата и на семејството“, изјави Филипче.

Паневска почина пред еден месец на акушерското одделение, девет часа откако се породи.