Поради зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19 низ светот, токму поради еволуирањето на вирусот, симптомите се она за кое се зборува најмногу. Па така, експертите посочуваат дека на почетокот на пандемијата основниот симптом дека сте заразени со коронавирус беше губењето на чувството за мирис.
Како поминуваше времето и се зголемуваше бројот на мутации на вирусот се менуваа и симптомите. Но сега веќе се предупредува за повторно враќање на основниот симптом, за кој е виновна новата подваријанта на сојот омикрон, ВА.5. Лекарите ширум светот информираат дека се повеќе луѓе заразени со коронавирусот повторно пријавуваат дека го губат чувствотот за мирис.
Иако омикронските подваријанти не често го предизвикуваа овој проблем, новата подваријанта BA.5 го предизвикува. Истата лесно може да го избегне имунолошкиот одговор на телото и да стане водечка причина за ковид. Оттука, Валентина Парма, психолог во центарот Монел во Филаделфија, која работи со пациенти со Ковид, изјавила дека гледа се повеќе луѓе со губење мирис отколку на почетокот на годината.
– Кога ќе го примените тестот за мирис, гледаме дека околу 25 проценти од луѓето имаат нарушено сетило за мирис, што не е мала бројка, посочува таа.
Сепак, Парма додава дека бројот на луѓе кои пријавиле губење на мирис е „значително помал“ отколку кај варијантата делта. Не е јасно зошто одредени варијанти предизвикуваат губење на мирис повеќе од другите, меѓутоа, истражувањата сугерираат дека губењето на мирисот се случува кога вирусот ги инфицира нервните клетки во носот.
Подваријантата BA.5 е високо пренослива варијанта со над 50 мутации што и даваат предност на раст во однос на претходните соеви на коронавирус. BA.5, заедно со неговата варијанта BA.4, го поттикнува порастот на случаите и хоспитализацијата ширум светот.