Компанијата Фајзер започна со тестирање на својата вакцина против коронавирус на деца помлади од 12 години.

По првата студија со која беа опфатени помал број на деца, Фајзер соопшти дека во новото тестирање ќе учествуваат околу 4.500 деца од повеќе од 90 градови во САД, Шпанија, Полска и Финска.

Вакцината која ја развија Фајзер-Бионтек во САД и ЕУ е одобрена за лица кои имаат над 12 години.

Децата од 5 до 11 години ќе примат две дози од по 10 микрограми, а третина од дозата ќе се аплицира на постари тинејџери и возрасни лица.

Од компанијата соопштуваат дека првите резултати од тестирањето на децата на возраст од 5 до 11 години, се очекуваат некаде околу септември месец, а за децата под 5 години набргу потоа.