Министерот Венко Филипче ја назначи Маја Мојсова за национален координатор за трансплантација, но истата воедно е и раководител на КАРИЛ. Законски, има судир на интереси бидејќи не може да биде на две раководни места. Но, лекари од скопските клиники коментираат дека уште поголем проблем е што како директор на КАРИЛ треба истата да утврдува мозочна смрт и како национален координатор да подготвува евентуална трансплантација од кадавер.
Засега Филипче молчи и јавно не кажува дали ги познава законите во здравството, и кога ќе ја разреши Мојсова од раководното место на Клиниката за анестезија и реанимација.