Министерот Филипче не отстапува – Итната медицинска помош, заедно со домашната посета ќе работат како јавно приватно партнерство. Оправданост за тоа се чека од физибилити студијата чија изработка е во тек. Договорот со фирмата изведувач е склучен кон крајот на јануари, но на страната на бирото за јавни набавки е објавен дури денеска. Студијата треба да биде готова за 60 дена.
Министерот Филипче посочува дека јавно – приватно партнерство би требало да се воведе и кај други здравствени установи. Целта била граѓаните да добијат брза и квалитетна услуга. Или е тоа или Филипче сака да го продаде јавното здравство и убаво да профитира од таа зделка малку се тендерите потпишани и доделени во четири очи – коментираат јавно по социјалните мрежи граѓаните
Во екот на изборната кампања, СДСМ ветуваше дека со продажба на владиниот мерцедес ќе се зајакне возниот парк на Брзата помош. Сега министерот вели за тоа немало потреба. Веќе биле набавени 12 нови амбулантни возила кои треба да стигнат до крајот на овој месец.
Министерот признава дека Итната медицинска помош кубури и со кадар. 40 нови доктори ќе се приклучеле на тимот веднаш по изборите, а планирано е и ново зајакнување со млади доктори кои неодамна ги завршиле студиите по медицина.