Ние во следен чекор ќе дадеме и лиценци за трансплантации на приватните болници. Заради тоа што ние планираме трансплантацијата да се прошири. Посебно за бубрезите кои традиционално се изведува во нашата земја и на други органи. Можеме да се доведеме во ситуација едноставно да немаме соодветна инфраструктура за да аплицираме некоја метода, посочи Филипче при одржување на неговата прес конференција за образложување за префрлување на Детска кардиохирургија во приватната болница „Жан Митрев“ .
Но при еден момент додека објаснуваше Филипче посочи дека за прв пат се направи и со странски експерт во областа на кардиохирургија, имплантација на една форма на вештачко срце пред неколку дена на наш пациент и се направи на Клиниката за хематологија.
Зошто тогаш Филипче ќе дава лиценци на приватни болници кога при самата своја изјава потврди дека вакви тешки операции и трансплантации во Јавното здравство?
Можеби Филипче доколку сака да го подобри здравствениот систем би требало повеќе да инвестира во јавното здравство, а не да ги полни џебовите на одредени поединци.