Добро се потсеќа на старите добри денови, сега министерот за здравство, Венко Филипче, тогаш, во тој период советник на министерот за здравство,Тодоров. Можеби и гордо си раскажува за одредени ситуации кога нема никој во близина, меѓутоа сега сето тоа е минато или не?
Министерот за здравство Венко Филипче, наместо да се грижи и да го води здравствениот систем и целото министерство во Р. Македонија, тој почна по клиниките и по сите болници да лепи постери, исцртани, налик на оние по детските градинки, со цел да го едуцира кадарот кој му работи по болниците да знае што е добро, што не, како и која облека се носи на работа која не. Сето тоа налик на деновите на големи реформи во здравството и на деновите кога со ова министерство раководеше човек на кого му беше цел да го раководи ова министерство и тој тоа и го правеше, поточно екс министерот за здравство Никола Тодоров.
Филипче, сега сака да направи нешто, да направи некакви промени меѓутоа не му е дозволено и неможе да види дерман да се сконцентрира на нешто освен на менување на името. министерството гние, тоне, пропаѓа, советници се бараат, се примаат, но за да се покаже дека има некаква работа или дека нешто се случува се преминува кон работи кои некој претходен министер веќе ги направил, па зошто да не и ние, кога можеше премиерот да ги намали и пластифицира 10 денари и 50 денари хартиените апоени и да личат сега како пари од монопол зошто да не направи нешто слично и тој, министер за здравство е. Да се знае дека и тој нешто работи!
Филипче заборава дека на граѓаните не им треба посебно на пациентите не им треба да докторите и медицинскиот персонал обрне внимание на тоа како изгледа, битно е ама не е клучна работа за подобри услуги во здравствениот систем, за работите во здравството да функционираат. Битно е пациентите кога имаат потреба да бидат услужени, да имаат соодветни термини, доктори стручни и достапни, да функционира здравствениот систем, не вака да раскажуваме приказни дека се работи нешто наизглед, а во реалност само се прикрива моменталната нестручност за менаџирање и неспособност за водење на министерството.
Згора на се дали вработените по клиниките ќе го почитуваат новиот дрес код, новите правила, нема да може да знаеме, ама исто како Тодоров и Филипче може да започне со посета на здравствените установи ширум републикава и да ја дознае вистината и за тоа сега нему горчливо прашање.