Недостигот на кадар сеуште е проблем за Детската клиника. Иако пред неколку месеци беа бработени 40 медицински сестри, за нормално функционирање на установата недостига уште толкав број на средно медицински кадар, но и доктори. Токму поради недостиг на сестри менаџментот пред неколку месеци привремено го затвори хематолошкиот оддел. Министерот Филипче изјави дека се анализира состојбата со недостигот на кадар во сите јавни здравствени установи и се бараат решенија.
Детската клиника сеуште кубури со кадар. Иако неодамна беа вработени 40 медицински сестри, недостигаат уште толку за нормално функционирање на установата. Малиот број на средно медицински персонал беше причина менаџментот пред неколку месеци времено да го затвори хематолошкиот оддел.
– Добиено е вработување на доктори специјалисти и специјализанти дел од кои се планираат за Хемато-онколошкиот оддел, како и ново барање за вработување медицински сестри,изјави д-р Катарина Ставриќ, директор на Клиниката за детски болести.
Министерот за здравство вели дека не само за Детската клиника правеле анализи за потребата од доктори и сестри во сите јавни здравствени установи во државата, бидејќи се поголем број медицински персонал си заминува од земјава и работи во странство. Едно од решенијата за недостигот на лекари според Филипче е распишувањето на државните специјализации чиј број сеуште го утврдуваат.
– Во насока на значајно зајакнување на здравствениот систем и тоа што ќе продолжат во континуитет да го прават е следење на состојбата, анализа на тоа кои доктори од кои специјалности и во следниот период ќе треба да се пензионираат и врз основа на тоа да ги планираат и следните вработувања и специјализации, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Инаку десетина деца со малигни заболувања кои се хоспитализирани на детската клиника за да не губат од наставата додека се на лекување на иницијатива на невладината Борка во посебно опремена просторија ќе можат да учат и да добиваат психо-социјална подршка. Ќе им помагаат психолози и наставнички од училишта во општина Центар.