Неодамна се најави мерка во здравствениот систем, специјални очила за докторите на Итна медицинска помош која ќе почне да ја применува како резултат на потпишаниот меморандум за соработка со Амбасадата на Израел во Република Македонија и со Фондот за иновации и технолошки развој. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека специјалните очила се само дел од планот за подобрување на квалитетот на Итната медицинска служба.
Филипче сепак како и обично продолжува да се фали со стари мерки, бидејќи нема свои. Телемедицина не е нов проект според експертите, тој проект датира од пред 10 години. Наместо да се залага за тоа, најпрвин треба да ги реши другите проблеми што се случуваат во Итна медицинска помош.
За да се спроведе самиот проект телемедицина, треба прво да се има кадар. Кадар кој на терен ќе прави ЕКГ, ќе интубира, а во самата централа на Итна медицинска помош неопходни се специјалисти кои што ќе го водат самиот тим.
Имено треба Филипче да се потсети најпрвин на сите проблеми што се случуваа оваа година баш со Итна медицинска помош.
Тој требаше сам да одговори на граѓаните и зошто со толку малку само возила располага овој сектор. Иако се знае дека до пред година дена, година и пол во службата за Итна помош имаше единаесет возила. Сега тој број е преполовен или функционираат само 5 до 6 возила. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните кои имаат дома лица на кои им е потребна итна помош во домашни услови. Пред околу една година во службата за Итна помош се користеа 11 возила. И тоа во Карпош имаше три екипи, во Јане Сандански имаше две екипи, Чаир исто работеа две екипи, во Ченто имаше една екипа, во Ѓорче Петров, Драчево, Петровец имаше по една екипа. Во тој период сите беа функционални, но сега повеќето од нив воопшто не се во возна состојба, тоа го потврдија упатените кои додадоа дека по потреба во Карпош имало плус по една до две екипи.
Филипче изминатиот период дури посочуваше дека ќе се примат, односно веќе се бара согласност финансиска за прием на доктори и сестри кои што ќе работат во таа Итна медицинска помош. Во службата за брза помош на почеток 40 луѓе, а негде во средина на следната година ќе достигне до бројката 100. Значи 60 дополнително.
И ова останува знак прашалник. Бидејќи Филипче не направи ништо добро за здравствениот систем. Ниту зголеми плати, ниту реновира нешто. Туку само ја обвинува претходната власт и приватизира се што можеше. Едноставно тој го урниса здравствениот систем кој веќе стои на стаклени нозе.
За да се работи на крупни проекти, најпрвин треба да ги среди проблемите во самиот сектор да обезбеди се што е неопходно и потребно за да функционира секторот според потребите на граѓаните.