На јавната расправа за измени на Законот за прекин на бременоста во Собранието, министерот за здравство Венко Филипче во воведното обраќање кажа дека мајчинството е ексклузивно право на жената и дека таа одлучува, кога и како ќе роди и колку деца ќе роди.

„Ова не е работа ниту на судии, попови, оџи и политичари. Не е наша работа да копаме и зошто ја натерало да направи абортус“, рече Филипче.

Со законските измени се укинуваат административните бариери, односно чекање од три дена по советувањето, една година меѓу два абортуси, како и обврската при ехосонографскиот преглед да ги слушаат срцевите тонови на бебето, што може да влијае на нејзината волја.

Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет, рече дека со измените на законот се олеснува пристапот до безбеден абортус и кажа дека му заблагодарува на Собранието што не дозволило на јавната расправа да дојдат претставници од верските заедници, кои не биле поканети на расправата, а сакале да влезат.

„Овде се носат световни закони, а не верски и ова е секуларна држава“, рече Пировска.

Претседателката на Комисијата за здравство Мирсаде Емине Хасани рече дека претставниците на верските заедници имаат право да го кажат свoето мислење и дека религија и верата се лично право, но не непоканети во законодавниот дом.

Со законските измени абортус до 12-та недела се прави на барање и со согласност на жената, од 12-та до 22-ра гестациска недела на барање на жената, по медицински индикации тогаш жената не оди на комисија. Лекарот може да бара совет и мислење од друг колега. По 22-рата недела се поднесува барање до првостепена комисија која е составена од 2-ца гинеколози и еден социјален работник, а потоа има право на жалба.

Со денешните дискусии со кои се занимавал и бил присутен министерот за здравство г-нот Венко Филипче дава можност без оглед на тоа колкав е фетусот доколку мајката изрази желба да го абортира односно убие фетусот, да може да го направи тоа без разлика колку е тоа неисправно. Бебето после само 12 недели е со изглед на бебе, очите од страните се позиционирани напред, ушите се наоѓаат на место и тоа е малку нешто поголемо од 5 сантиметри. Со 22 недели фетусот е долг приближно 30-тина сантиметри, тежи половина килограм и е налик на вистинско бебе само во намалена форма.

 

До пред некоја недела медицинарите се бореа со сите сили да се сочуваат и одржат во живот предвреме родените бебиња, во светот насекаде се борат и се обидуваат да ги спасат бебињата со 22 недели кои ќе се родат или со 5.5 месеци, само кај нас денес имало дискусија за абортусот, негова слобода и можност да се абортира и со наполнети 22 недели. Овие изјави и констатации на социјалните мрежи наидоа на големи критики. Прво се уништува човечки живот, второ која е слободата? Која е нејзината цена? Колку вреди еден бебешки живот? Еве што се случува при процесот на абортус со фетусот за кој се залага министерот Филипче.

Министерот Филипче целата дискусија успеа да ја сублимира во еден збор како изговор а тоа е зборот слобода. Воедно не биле повикани и пуштени да земат збор преставници на верите во Македонија, на православната вера, на верата во чии дух сите ние пораснавме. Изгледа на министерот и неговите приврзаници многу им се брза во европа, па по секоја цена пробуваат да ја донесат и во секој сегмент. Нема потреба и подобро што не се поканети преставници од верата и религијата, ова е правна држава – биле дел од коментарите кои можеа да се слушнат во салата. Филипче во овој момент служи како продолжена рака на Мила Царовска министерката за труд и социјала, таа се залага за еднополови бракови, за полова еднаквост, Филипче се залага за абортус во 22 недела и при тоа да нема потреба мајката да се појави пред комисија, едноставно одлучува и тоа се случува. Колку само за поедноставување на работите еве колкав е фетусот во 22-рата гестациска недела

Дали некој се труди да ни наметне и донесе закони со кои неморалното и непатријахалното однесување во кое бевме пораснати да го смени со развратлук, неморал, еднополови бракови, со преименување на мајката и таткото во родител 1 и родител 2, раширување на сето она што не е добро и ги растура и јаде од внатре државите од западот. Дали некој пробува сите тие вредности да ги донесе тука да ги продаде како нормални и да го сотре и патријахалното однесување, да ги растури браковите како институција, да им ги одземе вредностите на мајката и таткото со тоа што ќе ги применува во родител 1 и родител 2 само за да не се чувствуваат запоставени 3-5% неморални лица во државата со настрани апетити.

Кој не прашува нас и кој се грижи за нашите вредности, вредностите на мнозинството кое се бори и сака да опстои инсутуцијата брак, многудетните семејства, мајката и таткото да бидат синоним за почит и стабилност во општеството, во семејството. На што личи сето ова извитоперување на вредностите само за да може мала група да се изедначи со мнозинството и да ги наметне своите неетички и неморални вредности. Каде е правото на мнозинството?

Сето ова беше предмет на дискусија денес за абортусот, ама министерот Филипче перфидно го скри од преставниците на верата, од тие што со него не се согласуваат и си ги повика само оние кои ќе го одобрат неговиот избор или тоа што сите министри во оваа влада го буткаат, а тоа се неморалните и расипнички вредности на европа кои одговараат на поединци за мнозинството во Македонија да се растури, да младите се иселуваат, бракови што помалце се склопуваат и деца што помалку да се раѓаат, на тој начин и бројот на македонци ќе се изретчи и други да завладеат со оваа наша земја – тоа беа дел од тезите кои можевме да ги слушнеме од граѓаните на ова тема и тоа што се збори и струи по социјалните мрежи