Министерот за здравство денеска преку пре-конференција во јавноста откри дека директорката на клиниката за кожни болести во Скопје е четвртата заразена од коронавирусот во Македонија.
Имено Нина Цаца Билјановска неодамна се вратила од Италија каде била на скијање, а тоа се потврдува и преку фотографии на социјалните мрежи.
Филипче кој е познат во јавноста по делење на тендери на директори, овој пат наместо тоа започна да шири болести преку нив.
Директорката инаку две недели била надвор од Македонија, а откако се вратила на работното место била во допир со пациенти, држела семинари на дерматолози, а за сето тоа време таа имала коронавирус во себе.
Поради овој факт речиси и да постои можност поради нејзина невнимателност да се создаде епидемија во земјава.
Јавноста на големо бара и одговорност и од министерот и од директорката поради несовесно работење.
Директорката инаку е сестра на судијката блиска до власта, Маргарита Цаца Николовска која е позната по тоа што секогаш ги брани ставовите на СДСМ.