Покрај актуелната пандемија со коронавирусот, есенските денови носат и сезонски грип кој се занемари поради напливите на новите соеви на ковид. Најголема опасност претставува можноста пациентот истовремено да се инфицира и со корона и со вирусот на грип. Симптомите на сите респираторни вируси, па и на грипот и на короната се слични. Она по што најмногу се разликуваат е губењето на осетот за мирис што е специфичен за короната, а не постои кај грипот.
Што се случува кога ќе се судрат двата вируси? Вирусологот Нада Кулајиќ истакнува дека кај ослабениот организам клиничката слика ќе биде потешка и симптомите ќе бидат многу, многу потешки.
Во однос на тоа како најдобро да се заштитиме и дали може во исто време да се прими и вакцина против корона и вакцина против сезонскиот грип, објаснува полковник д-р Иво Удовичиќ во изјава за српските медиуми.
– Последната препорака од Европскиот централ за контрола на болестите е дека вакцинацијата против вирусот на грип може истовремено да се спроведе со вакцината против корона. Што се однесува до согласувањето на едната и другата вакцина, не постојат никакви контраиндикации луѓето што се вакцинирани против корона, да добијат и вакцина против грип, вели Удовичиќ.
Активната имунизација против грипот посебно им се препорачува на лицата кои се во ризичната група со опасност за тешка клиничка слика, како и на лицата постари од 65 години.