Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, на денешната прес конференција на Главниот штаб, зборуваше воведување на таканаречените ковид-пасоши. Тој вели дека тие ќе претставуваат една проверка на граница и признавање на сертификати за вакцинација, прележаност и тестирање.
– Тоа не се пасоши, туку дигитални зелени сертификати кои се однесуваат на олеснување на патувањето, рече Божиновиќ.
Тој додаде и дека од 1 јуни ќе можеме да ги издаваме овие сертификати, што е важно за нашата туристичка сезона, но и целокупната борба против епидемијата.