Според најновите истражувања, шеќерот што природно се јавува во растението сина агава, од кое се произведува текила, има многу предности.

Ако сакате да ослабите, нутриционистите и фитнес-тренерите сигурно ќе ви кажат да го намалите или целосно да го елиминирате внесот на алкохол. Сепак, многумина од нас размислуваат за своето здравје, за килограмите, но не гледаат ништо лошо во повремена чаша вино или џин-тоник. За љубителите на алкохол има една добра вест – една студија ја поврзува текилата со губењето на тежината.

Според извештајот презентиран во Американското хемиско здружение, текилата може да помогне во намалување на шеќерот во крвта. Поточно, шеќерот што природно се јавува во растението агава од кое се прави текила.

 

Овие шеќери се нарекуваат агавини – тие не се исти како сирупот од агава – и не се сварливи, што значи дека дејствуваат како диетални влакна и нема да го зголемат шеќерот во крвта.

Агавините се најдобри шеќери што помагаат да се развијат здрави микроорганизми во устата и цревата и тие може да им помогнат на луѓето да се чувствуваат сити и следствено на тоа да јадат помалку.

Ова не значи дека секогаш треба да пиете текила за да ослабите, но следниот пат кога ќе одите на пијачка, можеби ќе треба да нарачате една иако сте на диета.