Ако чувствувате хронична напнатост во рамењата, вратот, грбот, знаете ли што е причината на таа физичка состојба.
Тоа може да бидат потиснати емоции и трауматски искуства. Секоја емоција која не е до крај проживеана пронаоѓа место во вашето тело и таму останува а вие за тоа не сте ни свесни.
Телото ги складира емоциите а тие со години се натрупуваат и може да создадат енергетски блокади. Тоа на крајот резултира со различни здравствени тегоби, како на пример, хронична мускулна напнатост, артритис, фибромијалгии и други заболувања. Колку и да се трудиме да рационализираме и да отфрлиме некое чувство телото го памти затоа што е искрено.
Социјалната условеност е една од причините за нашето однесување, бидејќи колективно прифатените норми на однесување нѐ учат од мали нозе да се однесуваме онака како што очекува заедницата. На премер изреката „само бебињата плачат“ нѐ запира да ја исплачеме тагата. Се трудиме да докажеме колку сме силни личности, со контрола над емоциите. Во детството нѐ учат дека е лошо да се изрази лутината и бесот и тоа е многупати проголтано.
Самиот збор емоција доаѓа од латинскиот збор emovare, што значи движење. Секоја емоцоја сака да се движи и да излезе на површина. Значи ако не ја изразите и не ја отпуштите таа се населува некаде длабоко и врие и ровари во некој орган. Освен емоциите , телото ги памти и трауматските искуства. Ако некој во детството бил омаловажуван, физички и вербално злоставуван и не ја решил траумата, таа ќе предизвика стравови, фобии, депресии, физичка и психичка напнатост. Сe што не се решава навреме, станува хроничен проблем или болест.
Долготрајната мускулна напнатост води до пореметувања во менструалниот циклус, до болки во зглобовите и зголемен ризик за повреди, , несоница и проблеми со спиењето, срцеви,сексуални, кожни цревни, белодробни пореметувања и мигрени.
Каде се складираат најчесто тие непроживеани емоции???
1. Една од слабите точки е вратот-тука се најчесто потиснатите емоции за неможност слободно да се изразите како и на стравови и тескоби. Укоченоста на вратот се јавува поради проблеми со довербата и несигурноста.
2. Рамената се поврзани со чувството на одговорност и грижа за туѓи проблеми. Ако нема јасна физичка причина, болката може да биде резултат на социјална и емоционална одговорност, кога на себе си превземаме туѓи проблеми и болки.
3. Во горниот дел на грбот се таложат тагата, јадот и ожалостеноста. Ако долго жалите по некоја драга личност ќе страда се што е во пределот на срцето, а најзабележливо грбот.
4. Болката во средниот дел на грбот пак го собира чувството на беспомошност и несигурноста. Чувството дека другите луѓе не ве поддржуваат и се чувствувате безнадежно и беспомошност голема е веројатноста да чувствувате болка и напнатост во средниот дел на грбот.
5. Во долниот лумбален дел на грбот се чувствата на срам, вина и безвредност, што е составен дел од современиот живот. Многумина страдаат од неприфаќање на самите себе си.
6. Напнатоста и болките во стомачниот дел значи неспособност да се сварат сопствените емоции. Тоа честопати и само го кажуваме.
7. Надворешниот дел на бутките е одраз на чувство на фрустрираност и нетрпение.Живеете пребрзо, затоа сте нетрпеливи па неможете да ја преработите фрустрацијата дека не можете да постигнете сѐ.
8. Внатрешниот дел на бедрата значи ранливост и стравови, силно чувство на социјална тескоба и нервоза.
9. Мускулите на задникот се одраз на потиснати бес и лутина, сакајќи да се бидете фини пред светот со лажна слика за себе.
Така телото нѐ учи со своите јасни сигнали да бидеме искрени кон себе и кон другите. Затоа не ги потиснувајте туку јасно и артикулирано изразете ги своите емоции но, не за да им наштетите на другите. .
Важно е да знаете да се опуштите да им дозволите на емозциите да излезат од вас, ако сте тажни исплачете се, ако сте бесни удирајте во перница, јасно искажете го своето мислење ако ве притиска и ви застанува како канедла во грлото. Не ставајте предзнак позитивна, негативна ,добра или лоша емоција, така ја отфрлувате и ја негирате емоцијата, а таа ви создава уште поголема блокада на енергијата и создава мускулна и нервна напнатост. Дишете длабоко, така ќе ја намалите тегобата ќе ги наполните клетките со кислород и така полесно ќе се елиминираат токсините од телото. Убаво е и уметничкото изразување низ цртање, сликање, пишување, вајарство, танц, боречки вештини и слично.