Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кој се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб, информираше на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Одлуките би требало да стапат на сила од среда 16 јуни, доколку бидат усвоени од владата.
Новите мерки кои се предложени се следниве:
– Целосно укинување на полицискиот час бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.
– Укинување на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
– Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.