Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.

Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.