Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.
Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.
Направени се 5.780 тестови преку: ИЈЗ-194, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–90, ЦЈЗ Куманово–89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–82, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-393, Биотек-169, Систина-84, лабораторија Лаор-702, Синлаб-50, Ремедика-18, Плодност–29, Генеа – 11, Никоб лаб-861, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592.
Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.