Претседателот на белгискиот регион Фландрија, Јан Јамбон, побара од федералната власт нов итен состанок за да се разговара за дополнителни мерки во земјата во која вирусот вртоглаво се шири. Според Јамбон, ситуацијата во болниците е лоша и здравствениот сектор е под огромен притисок.

Белгиските болници донесоа одлука дека сите интервенции кои не се од витално значење ќе бидат одложени за да се ослободи капацитетот за третирање на болните од Ковид-19. Белгија веќе регистрира и нов случај на сојот омикрон. Сега, регионот Фландрија бара да се забранат сите рекреативни активности на затворено до 15 декември. тоа е датумот до кој важат последно донесените мерки на федерално ниво, но се чини дека ќе мора да се свика нов итен состанок пред овој датум.

– Болниците бараат помош, поради што мора да се однесуваме одлучно и побрзо да се усогласиме за дополнителни мерки порача портпаролот на претседателот на Фландрија.

Последните бројки за Ковид-19 во Белгија покажуваат раст на новозаразените од 12 отсто во споредба со претходната недела, пораст на нови хоспитализации за десет отсто, како и пораст на стапката на позитивност на тестовите за 0.5 отсто. Минатата недела се починати уште 41 лице, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во Белгија достигна 27.015.