Коронавирусот во Македонија денеска зарази уште 102 лица, 5-мина починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3,…

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72г.), пациент од Куманово (64г.), пациент од Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.) . Сите пациенти се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.


Related Articles