„Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со датум. Со оваа дополнителна мерка обезбедуваме дополнителни над 9 милиони денари за месец фебруари, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот“, велат од ФЗОМ.
Фондот за здравствено осигурување ќе ги зголеми квотите на аптеките за февруари за 12.000 денари. Ова дополнително зголемување на квотите, како што велат од Фондот за здравствено осигурување ќе важи линеарно за сите аптеки, освен за оние кои веќе ја имаат максималната квота од 650.000 денари.
Иако од ФЗОМ велат дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, за да можат осигурениците навреме да ја добијат потребната терапија, во аптеките и на терен друга ситуација. Лекови има само до 08-ми во месецот.
ФЗОМ нека излезе пред граѓаните и нека објасни зошто се чека волку за лекови, а квоти нема? И тоа што се превзема малку е..се збори по социјалните мрежи