Додека власта раскажува за еден подобар живот и пробува граѓаните да ги добие на своја страна во предизборието, деновиве посебно изложени на токсични материи и засегнати беа граѓаните на населбата Драчево, поточно граѓаните на Скопје.
Власта ниту проверува ниту спроведува засилени мерки за контрола на отровните течности кои се складирани во дворното место на фабриката ОХИС, ниту пак кога изби катастрофата со истекување на отрвите од една од цистерните излезе со јасно соопштение што се случило, кои мерки се превземаат и на кој начин ќе го заштитат населението кое живее во близина, а воедно и цело Скопје од ваквите или слични во иднина инциденти од ваков или сличен карактер.
Го нема министерот за здравство Венко Филипче, да биде присутен на лице место, бидејќи он е во најголема мерка и задолжен и посочува дека „најмногу“ се грижи за граѓаните на Скопје, односно Македонија. Во вечерните часови не го видовме ниту заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, ниту пак премиерот лично за да може да бидат во тек со настаните, случувањата и работите, да покажат загриженост и да гледаат да помогнат на населението, граѓаните од тие делови на Скопје.
Работите се до толку сериозни што пред една деценија и повеќе докторка од клиниката за детски болести направила цела студија за тоа зошто девојчињата предвреме влегуваат во пубертет, испитаници имало од цела Македонија, и од сите делови на Скопје. Резулатот бил дека сите во својот организам содржеле извесно количество на Линдан, поради што белгиската лабораторија со која што работеле на студијата изразила нота на загриженост што се случува со линданот како отров во Македонија и зошто толку се изложени граѓаните?
Доколку пред деценија и повеќе во една студија се добиени овие резултати, којзнае колкаво е количеството на линдан сега во организмот на граѓаните ширум Македонија, посебно на Скопјани, претпоставки се дека податоците се алармантни.
Зошто никој не превземал ништо? Зошто местата каде се складирал токсичниот отпад од ОХИС не е под 24-часовна заштита и контрола? Зошто истиот се остава така да стои не се врши негова деконтаминација, уништување, дислокација? Колкава е штетата во моментот на почвата, на водите за пиење, на земјиштето во целост, има ли институција која тоа ќе го испита? Генералното и здравјето на сите е ставено во ризик.
Зошто на одреден временски период не се повторуваат студиите од ваков тип да се утврди до каде и каква е состојбата? Дали сме позаштитени или поизложени на токсини и токсични материи како што е Линданот? До кога власта нема да се грижи за здравјето на граѓаните и само ќе цели кон нивниот глас за подобри позиции и поголеми профити и апанажи? Кога некој ќе започне навистина да се грижи за граѓаните на Македонија? Потребна е промена во владеачката гарнитура, потребни се луѓе кои ќе се грижат за Македонија, на кои ќе им биде битно каде живеат и ќе обрнуват посебно внимание и грижа за здравјето на себе и своите сограѓани.
Оваа власт со ваквата негрижа го става целото население во Македонија во ризик, меѓу другото и себеси и своите најблиски ги изложуваат сакајќи или несакајќи на истите токсични материи и гасови. Токсините не препознаваат ниту пол, ниту вера, ниту позиција, сите сме изложени, а сите сме или треба да бидеме загрижени!
Видеото во линк е од емисијата 360 степени на Алсат-М