Според најновите податоци на „Covid Data Check“ во последниве 13 дена, Македонија е прогласена за земја со највисока стапка на смртност од Ковид-19. Податоците се однесуваат на смртност на 100 илјади жители во Европа од 4 до 17 септември, каде Македонија убедливо води со 18,4 % смртност. Потоа следуваат Црна Гора со 13,4 %, Бугарија со 13,1 %, и Босна и Херцеговина со 10,5 %.
Во однос на балканските земји, Грција се наоѓа на шестото место со стапка на смртност од 5,5 %, а соседна Србија е на осмото место со смртност од 4,1 %.
Инаку според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во период од 6 до 12 септември во Макеоднија од ковди-19 починале 142 лица. Имало 142 смртни случаи во 22 градови за време на овој период, најголем дел од нив се од Скопје (47), Струмица (13), Куманово (12) и Гостивар (11). Најголем број (n=106; 74,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.