Мозочниот удар сè почесто ги погодува помладите луѓе, а ова се симптомите што не смеете да ги занемарите!

Минливиот исхемиски напад (ТИА) или малиот мозочен удар е резултат на привремено нарушување на снабдувањето со крв во одреден дел од мозокот. Ова нарушување доведува до недостиг од кислород во мозокот.

„ТИА“ може да предизвика симптоми слични на мозочен удар, но не трае толку долго. Симптомите траат од неколку минути до неколку часа, но комплетно исчезнуваат во рок од 24 часа.

„Мини“ мозочниот удар не ги оштетува мозочните клетки, ниту предизвикува траен инвалидет, но важи за рано предупредување дека лицето е во опасност од мозочен удар.

Во просек, едно од три лица што ќе доживеат ТИА, подоцна доживува мозочен удар. Ризикот од мозочен удар е особено висок првите 48 часа по ТИА.

Кои се знаците на мал мозочен удар?

1. Проблеми со видот
Проблемите со видот на едното или двете очи може да биде знак на можен мозочен удар, како и на мозочен удар што веќе се случил. Ако видот ненадејно ви се влоши без објаснување, веднаш побарајте медицинска помош.

2. Вкочането и опуштено лице
Вкочанетоста обично се чувствува само на едната страна на телото: може да се јави слабост на мускулите, парализа или необично чувство. Истовремено, може да имате чувство дека лицето ви е малку вкочането или претерано опуштено.

3. Вртоглавица
Кога мозокот не прима доволно крв, тоа исто така може да предизвика вртоглавица.

4. Проблеми со говорот
Проблемите со говорот исто така може да се појават како резултат на ТИА. Лицето зборува некохерентно или неразбирливо, може дури и да ги изобличува зборовите додека зборува.

5. Слабост
Може да се појави и слабост на мускулите, отежнато одење, проблеми со координацијата или слабост на едната страна од телото.

Ако се сомневате на „мини“ мозочен удар, веднаш одете на лекар. Тој ќе ви одреди најдобра стратегија за превенција на мозочен удар во иднина и ќе ви помогне да спречите посериозни компликации.