Станува збор за новиот дигитален мамограф во поликлиниката Букурешт ој е во дефект уште ред две недели и се чека сервисот да го отстрани дефектот. Состојбата во останатите поликлиники е следна, до крајот на годината нема слободен термин. преку системот „мој термин“ во градската општа болница „8 Септември“ зафатени се и термините за снимање и во јануари. Овој месец слободни термини има само на Клиниката на радиологија.
„Апаратот е нов, но настана дефект и ќе биде сервисиран. Во останатите поликлиники мамографите работат, а во поликлиниката Чаир имаме нов дигитален апарат“, вели д-р Златко Мехмедовиќ Директор на Здравствен Дом Скопје.
Директорот посочува дека се уште се чека одобрение за вработување на нов кадар, меѓу кои и рентгенолози кои во Здравствен дом Скопје се дефицитарни. Може ли во оваа ситуација министерот Филипче да реагира и да го забрза процесот на сервисирање, не може ли да се искористи функцијата за да не чекаат пациентите? Каде е Филипче две недели да образложи и да каже дека мамографот не работи дека ќе се среди состојбата и на кој начин? Кога ќе започне министерот за здравство да се однесува и да реагира одговорно? – прашуваат и посочуваат пацинетите со кои разговаравме во дворот на Поликлиниката Букурешт