Хронично болните се уште ги чекаат специјалните заштитни маски кои пред околу два месеци ги најави министерот Филипче. Во декември лани, Филипче бараше начин како маските да бидат поделени на, како што посочи, ризичната група на пациенти, која брои 50.000 граѓани. Но досега, маските не се ниту набавени.

Од Министерството за здравтсво два дена молк. Нема одговор зошто не се набавени 50.000 маски, кои во деновите на енормно загадување, им се повеќе од неопходни на болните.

Во очекување на заштитните маски за возрасните, аерозагадувањето ги полни детските болници. Околу 150 деца дневно завршуваат на државната детска клиника, најголем дел со респираторни проблеми. Ист е бројот на дечиња што се задржани на лекување во оваа болница.


Според светската здравствена огранизација, вдишувањето на канцерогени честички освен со болести, може да резултира со смрт. Оваа организација изброи дека на годишно ниво како последица од загадувањето, животот го губат околу 600.000 деца.