Вербалните напади се секојдневие во болниците од страна на пациентите врз докторите, медицинските сестри и персоналот.
Нетрепението станува синоним за граѓаните во Македонија. Најчесто проблемот е со семејството на болниот, кај кое револтот се зголемува при одењето од една до друга клиника. Според одговорните има проблем и во комуникацијата и кај медицинскиот персонал на кој треба да се работи.
Во Македонија деновиве се одржува обука на тема како до намалување на инцидентите. Експертите во нашите болници потврдуваат дека комуникација е слаба и треба да се работи на трпението, да се ислуша прашањето на пациентот, но и пациентите да возвратат со трпение.
Минатата година во билтенот на МВР биле пријавени 10 напади врз медицински персонал.