Во текот на денешниот ден во знак на меѓународниот ден на лицата со попреченост основците и студентите во аулата на Филозофскиот факултет со почеток во 12 часот ќе одржат настан.
На настанот е предвидена програма од редовните и посебните основни училишта и хуманитарна ликовна работилница со студентите од Факултетот за ликовни уметности. Додека пак подоцна некаде кај 16 часот во кафе бар во ГТЦ ќе се организира караоке забава со учениците од редовните и посебните средни училишта
Инаку ако се вратиме назад низ историјата, денешниот ден кој е интернационален ден на лицата со попреченост почнува во 1976-тата година кога на генералното собрание на Обединетите Нации, се предложува да се запише 3-ти Декември како ден на лицата со попреченост. Како таков е прогласен и означен во 1981-та година, со план за реагирање и делување на национално, регионално и меѓународно ниво.
Со што следната цела декада се посветува на лицата со попреченост од Обединети Нации. Тоа трае се до 1992-та година кога официјално низ целиот свет се прифаќа и се започнува со имплементирање на правата на лицата со попреченост. Инаку од Обединетите нации декадата што е посветена на лицата со попреченост е со цел да земјите ширум светот да можат да ги имплементираат активностите предложени од светската организација и генералното собрание на ОН, а кои се однесуваат на правата на оваа категорија на граѓани.
Во 2012-та година една од активистките за правата на лицата со попреченост успева да го смени членот 9 од конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и да им обезбеди право на работа на секое лице со попреченост, дека општествено обврзувачки е да бидат прифатени и да имаат подеднакви шанси за вработување при било каков оглас доколку одговараат за одредената позиција. Да не бидат маргинализирани и дека ги имаат правата како и секоја друга личност во општеството да бидат вклучени во сите сегменти на модерното живеење.
Ниту во текот на претходниот ден, ниту денес, нема најава за никакви активности од страна на министерството за здравство или министерот, г-нот Венко Филипче, некаков настан со што би се обележал овој ден и би се посветило внимание на лицата со попреченост како и на нивните права.
Дали воопшто Филипче и Царовска работат на правата и подобрување на животот, лековите терапиите, имплементацијата во секојдневниот живот на оваа група на граѓани, кога ќе се појават на прес и ќе посочат дали е така или не и што превземаат или превземале? – се дел од коментарите кои може да се видат по социјалните мрежи.