Комисијата од Министерството за здравство ќе ги истражува причините за смртта на 28 годишната родилка во Штип. Обудкцијата заврши, а според првичните наоди, причината е искрвавување.

Направена е обдукција врз починатата 28 родилка од Штип. Се уште се чекаат документите од направените анализи. Првиот човек на штипската болница Ален Ѓеорѓијев за канал 5 вели:

„Се било направено навреме и ги чекаме резултатите, за да ја знаеме точната причина. Во болницата ги има сите услови и за операција“.

Според извори на канал 5, 28 годишната штипјанка била примена во средата 21 часот, породена природно и родила здраво машко дете. Жената немала здравствени проблеми, ова и била прва бременост. Според извори на канал 5 жената имала атонија или состојба кога матката по породувањето не се стега и не може да се сопре крварењето, за потоа да и ја остранат матката.

И по оваа интервенција жената починала околу седум часот на 14 јуни.

Министерот Венко Филипче објасни дека ќе се состави и комисија за овој случај и дека ги чекаат наодите од обдукција. Ваква состојба најчесто се јавува кај трето ротки или жени кои имале царски рез. Како една од причините се наведува и заборавено парче од постелката, доколку не се изрегира брзо кога почнало крварњето, може да заврши фатално, објаснуваат гинеколози.

Пред месец и пол министерот за здравство посочи дека во сите родилишта во Македонија е направена анализа и дека со обука на персоналот со цел да се намали смртността и кај новороденчињата и кај родилките. Засега не е потврдена ниту причината за смртта на новорденчето во болницата во Штип пред три дена.