Не претерувајте со консумирање на свежите мушмули, иако нивната слаткост може да ве измами. Во поголема количина тие се тешки за дигестија и можат да доведат до дијареа. Внимателно прегледувајте ги плодовите, па оние што се зафатени со мувла фрлете ги.

Искористете ја сезоната на мушмули на вистинскиот начин и уживајте во вкусните и здрави плодови.

ЛЕКОВИТОСТ

Мушмулата содржи многу витамин Ц, шеќер и пектин, па во недостиг на подобри средства, може многу да помогне во лекувањето на скорбутот.

Западната народна медицина ја користи мушмулата за лекување на констипација, нередовна столица и други тегоби со празнењето на цревата.

Недозреаната мушмула ја стега слузокожата, па се користи за запирање на крвавење во усната шуплина, како што е крвавење на непцата, забите, афтите… Може да послужи и кај обилни менструални крвавења.

Мушмулата помага и при дијареа, дизентерија и во сите случаи кога е потребно стегање на ткивото, но и противвоспалително делување. Во тие случаи погодни се преператите од листот бидејќи во него има најмногу танин.

Инаку, кората од стебло на мушмула може да се користи наместо кинин за лекување на маларија. Во народната медицина од семките, кои со бубрење во вода создаваат слуз, се приготвуваат облози за разни повреди на кожата.

Семките содржат мал процент од цијановодордна киселина, па не се препорачуваат за употреба, но во контролирани количини се користат за топење на камен во бубрег и мочен меур.

За подобро варење на храната:

Три пати дневно да се јадат гнили мушмули, еден час пред секој оброк.

Против воспалено грло, непца и уста:

Се прави чај од листови на мушмула, и со него се прави гаргара неколку пати во денот.

Против пролив:

-Се јадат недозреани плодови од мушмула.(стегаат)
-Се земаат по 20 г мушмули, дренки, дуњи, шипки и скоруша, добро се ситнат и се мешаат. Од оваа смеса, се земаат три лажици и се преливаат со ½ л вода, па се варат околу 10 минути. Се процедуваат и чајот се пие во текот на денот, наместо вода.

За излачување соли на мокрачната киселина:

Се јадат по 300 г зрели мушмули, зачинети со 1 лажица лимонов сок, трипати дневно , најмалку 10 дена.

За намалување киселини во желудникот:

Се земаат 100 мл сок од исцедени плодови од мушмула, пред појадокот, ручекот и вечерата. Терапијата трае 5 дена. По појадокот, ручекот и вечерата се јадат 200 г зрели плодови од мушмула во текот на 5 дена.

Против труење ; за прочистување на крвта:

1 кг мушмули и 800 г шеќер се варат во 500 мл вода. Се остава да врие 45 минути, а потоа се трга од огнот и се излева во тегли за да може херметчки да се затворат. По потреба се зема по 150 до 200 г пред појадок.

Против болки во ушите:

Се цеди сок од мушмула и во увото се накапуваат 2-5 капки.

ЧАЈ ПРОТИВ ДИЈАРЕА И КРВАВЕЊЕ НА НЕПЦАТА 

Земете 1 супена лажица од иситнети свежи зелени плодови. Со 200 мл зовриена вода прелијте ги плодовите од мушмула, поклопете и после еден час процедете. Пијте 2-3 шолји чај против дијареа, а за запирање на крвавењето од непцата правете гаргара и испирајте ја усната шуплина повеќепати дневно.

Секој ден изедете 400 г свежи зрели мушмули. Поточно, после појадок и вечера изедете 200 г мушмули.

Покрај тоа, после секој оброк испијте по 100 мл бело вино. Со тоа на болниот ќе му се врати апетитот и ќе му се намали подуеноста предизвикана од недостиг на желудечна киселина.

ЛИКЕР ПРОТИВ РАЗНИ ЖЕЛУДЕЧНИ ПРОБЛЕМИ

Потребни состојки:

1 кг свежи мушмули
1,5 литар вода
1 литар водка
1 литар сок од јаболко
300 г шеќер растворен во 3,5 литри вода.

Постапка:

Мушмулите исчистете ги, исечете ги на четвртинки и лесно гответе ги во вода околу еден час. Кога смесата ќе излади, течноста процедете ја, а мушмулите добро притиснете ги.

Добиената смеса измешајте ја со сок од јаболка и водка. Складирајте во стаклени шишиња, затворете и оставете да отстои 4-6 седмици на топло место. Течноста повторно процедете ја и додадете го растворениот шеќер во вода.

Повторно складирајте во стаклени шишиња и добро затворете. По потреба земајте 2-3 пати дневно по една ликерска чашка.

ЧАЈ ЗА ОБИЛНА МЕНСТРУАЦИЈА

Земајте еднаква количина од иситнет цвет и лист од мушмула, измешајте со иситнета билка росопас, како и со имела. Прстофат од мешавината на овие билки прелијте ги со 1 литар природно црно вино и оставете го неколку часа. Потоа проварете кратко, процедете и пијте.

Внимание: не претерувајте со консумирање на свежите мушмули, иако нивната слаткост може да ве измами. Во поголема количина тие се тешки за дигестија и можат да доведат до дијареа. Внимателно прегледувајте ги плодовите, па оние што се зафатени со мувла фрлете ги.