Неверојатна смеса која длабински делува и лекува – ќе бидете воодушевени. Може да се користи и за склетено-мускулни проблеми, како и за нега на кожата.
До проширување на вените доаѓа поради ширење на ѕидовите на вените. При нивна дилатација (ширење и опуштање) крвта успорено се движи и има застој.
Притоа доаѓа до појава на отоци во нозете, особено глуждовите, се чувствува тежина во нозете, грчеви, вкочанетост, трпнење и јадеж. Сето ова се знаци дека постојат проблеми со крвотокот во нашите вени.
Генетскиот фактор е доста изразен. Мускулите на нозете создаваат притисок врз крвните садови и на тој начин го олеснуваат движењето на крвта кон срцето. Затоа многу е важно оваа состојба да се лекува навреме.
Веројатно сте слушнале за компресивни чорапи кои ефикасно можат да го намалат отекувањето и болката предизвикани од проширени вени, но, за жал, тие само ги третираат симптомите, а не и причината. Од друга страна, ова е еден природен рецепт кој успешно ја третира оваа состојба.
Пoребни состојки:
½ шолја ситно сечкан морков
3 лажици алое вера гел
½ шолја оцет
Постапка:
Сите состојки ставете ги во блендер додека да се добие хомогена мешавина. Кога ќе се изедначат состојките во еднолична паста, тогаш може да применувате.
Примена: Во тенок слој се нанесува врз зафатената регија и проширените вени, притоа не се стиска. Се покрива со завој, внимавајќи да не дојде до прекин на циркулацијата.
Оставете да делува половина час. За тоа време подигнете ги нозете над нивото на срцето за да има подобар ефект. Потоа исплакнете ги нозете со млака вода.