Најново истражување: Дали хируршките маски го намалуваат ширењето на коронавирусот?

Според најновото истражување спроведено од страна на научниците од универзитетот во Хонконг, утврдено е дека употребата на хируршките маски во голема мера го намалиле ширењето на коронавирусот. Д-р Јуен Квок-Јунг,…

Според најновото истражување спроведено од страна на научниците од универзитетот во Хонконг, утврдено е дека употребата на хируршките маски во голема мера го намалиле ширењето на коронавирусот.

Д-р Јуен Квок-Јунг, познат научник кој се занимава со истражување на новиот коронавирус извел експеримент со два кафези со хрчаци. Станува збор за една од првите студии која имала за цел да проучи дали употребата на маски може да спречи симптоматските или асимптоматски носители на Ковид-19 да заразат други луѓе. Помеѓу двата кафези биле поставени хируршки маски, при што воздухот циркулирал од кафезот во кои биле сместени болните животни кон кафезот во кои биле здравите хрчаци.

Резултатите покажале дека преносот на вирусот бил намален за повеќе од 60 отсто кога маските биле на место. Штом ги отстраниле маските, научниците утврдиле дека две третини од здравите глодари се заразиле во рок од една недела. Стапката на зараза се намалила за нешто повеќе од 15 отсто кога маските биле ставени во кафезот на болните хрчаци, а дури 25 отсто кога биле ставени во кафезот на здравите животни.

-Јасно е дека употребата на маски кај пациентите е поважна од било што друго. Веќе знаеме дека голем дел од заразените лица немаат никакви симптоми така што универзалната употреба на заштитните маски е навистина важна, истакнал професорот.

Инаку, Јуен Квок-Јунг е еден од водечките микробиолози кои го откриле вирусот САРС кој се појави во 2003 година. Тој долго време се залагал за употреба на заштитни маски од страна на населението.


Related Articles