Брзата храна и лошите навики предизвикуваат многубројни проблеми во нашиот организам, а овие сознанија можат да ни помогнат при изборот на производи кои се добри за нашето здравје.

Нездравите диети во денешно време се штетни колку и пушењето цигари, пишува Bright Side. Недостатокот на хранливи материи е најголемата причина за појава на болести.

Природни сокови

Природните сокови може да содржат голема количина на шеќери доколку неправилно ги комбинирате овошките.

Бел леб

На лебот од бело брашно му недостасуваат здрави хранливи состојки и влакна. Влакната придонесуваат за одржување на добар крвен притисок, намален ризик од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, а нив ги нема во лебот.

‘Ржениот леб може да биде добра замена. Тој е богат со хранливи материи и заситува.

Соја

Сојата е генетски модифициран производ, што значи дека од нема да добиете многу хранливи состојки.

Сојата е полна со фитоестроген кој го нарушува менструалниот циклус. Од тие причини, проблемите со штитната жлезда многу често се поврзуваат со прекумерно консумирање на соја.

Суши

Во сушито се додаваат различни состојки и адитиви – крем сирење, мајонез, преливи и други состојки кои дополнително го зголемуваат нивото на калории.

Доколку внимавате на вашата тежина, бирајте едноставни ролнички од лосос или пробајте сашими.

Храна без маснотии

Во минатиот век, храната без маснотии беше вистинско откритие. Така беше сè додека нутриционистите не сфатија дека произведувачите почнаа да ги менуваат здравите масти со преработен шеќер за да го задржат природниот вкус на намирниците.

Значи, вие всушност јадете вистинска шеќерна бомба. Научниците препорачуваат да се одлучите за млечни производи кои се богати со витамини и здрави масти, како што се домашното сирење и грчкиот јогурт, кои не вклучуваат никакви додатоци со шеќер.