Некогаш не е до вас и околината во која спиете, туку во полната месечина…
Според истражување кое го направиле од National Sleep Foundation, децата и возрасните можат да се борат со несоница. Причината за тоа лежи во многу причини како собна температура, светлина, врева, потреба за вода, миленици кои не ги оставаат да спијат и какви било вечерни активности што ќе влијаат на сонот.
Но, повремено како дополнителна причина може да биде и појавата на полна месечина.
Студија објавена во списанието Current Biology индицира на тоа дека полната месечина влијае на негативен начин на човековиот сон. 33 учесници го потврдиле ова така што поминале 3,5 дена во лабораторијата .
Тие спиеле во темна соба каде немало воопшто вештачка светлина ниту можност да продре некаков зрак. Ова било потребно за да може во целост да се забележи влијанието на полната месечина.
Биле поврзани со монитори кои ги забележувале нивните реакции, односно за колку време заспивале, количината на сон која ја имале, како и реакцијата на мозокот во тоа време.
Резултатите покажале дека учесниците имале 20 минути помалку сон за време на полна месечина, а им било два пати повеќе потребно време за да заспијат.
Зошто полната месечина влијае на тој начин, не се сигурни ниту истражувачите, но во секој случај 30 % од учесниците имале проблеми со сонот за време на оваа појава.
Но, не се само луѓето тие кои се под влијание на полна месечина. Животните исто така реагираат на чуден начин, бидејќи за време на појавата се забележани многу повеќе повреди кај мачките и кучињата, а исто така е забележена и поголема активност кога станува збор за ловењето.
Ова се смета за уште една голема животна мистерија за која нема конкрентен одговор.