Во следните неколку денови во склоп на процесот на масовна вакцинација на населението, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се изведува вакцинирање на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Истовремено ќе се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести.
Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза.
Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.