Пациентите и граѓаните ќе мора да почекаат, засега ништо од почетокот на изградбата на новиот клинички центар во Бардовци, кој беше најавен во март оваа година. Министерот за здравство, Венко Филипче, тогаш кажа дека оваа локација е избрана по препораките од експертската јавност и дека бил прифатен предлогот на Асоцијацијата на архитекти.
-Разгледувавме повеќе локации, таа што најмногу ја разгледувавме е локацијата во населбата Бардовци, многу блиску до постоечката психијатриска болница. Таму кај што има некој пристапни патишта, но се планира да се направи нов пристапен пат, изјави Филипче на 9-ти март оваа година.
-Потоа се формираше работна група која што ги разгледуваше алтернативните локации на локацијата во Злокуќани, затоа што во меѓувреме излегоа места кои заслужуваат да им се обрне внимание и да сериозно анализираме од повеќе аспекти дали ние ќе имаме земјиште кое што за многу пократко време и за многу поевтини пари ќе биде спремно административно да таму се гради новиот Клинички центар.
Колку само за информација до граѓаните и пациентите, пред неполн месец кога се правеше послдниот ребаланс на буџетот средствата предвидени за новиот клинички центар биле префрлени на други ставки кои во моментот имаат приоритет пред клиничкиот центар.