Заводот за Ментално здравје Младост при ЈЗУЗД Скопје е институција која постои од далечната 1958 -та година како единствена во Република Македонија. Ги штити интересите за заштита и унапредување на ментално здравје на децата и младите. Во Заводот постојат 3(три) комисии како еден дел од целокупната дејност:
- Комисија за пречки во психички развој- ментална попреченост (ретардација)
- Комисија за деца и млади со аутизам и други первазивни растројства
- Комисија за деца и млади со оштетен вид(слабовидност и слепило)
Во Заводот има просторни, технички, експертски капацитети за вршење на целокупната дејност. Досега немало поплаки за работењето при Второстепена Комисија. Долготрајната традиција и искуство во оваа специфична работа која ја опфаќа покриеноста на целата Република, освен Битола, Прилеп и Охрид. Со почетокот на работата на МКФ во Заводот се одзема дејноста околу распоредувањето на 500-тини деца, 1000 посети, поточно 2,5 милиони денари исплатени од Фондот за остварени услуги.
Прашање е какво е искуството на луѓето кои работат во МКФ, каде еден наод го издаваат за 45 дена, а во Заводот се добива максимум за 3 работни дена и зошто е тоа така?
Во МКФ се лица кои се пензионери и лица вработени во други установи ( болница, Центар за слух и говор…) Вработените сакаат Заводот да опстои, но немаат подршка ни од Управникот Др Лидија Трпеска Попоска, ниту директорскиот тим и Министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот Филипче не нашол за потребно да се обрати ниту лично ниту преку своите советници што ќе се случува и која судбина ќе ја снајде оваа институција.
Родителите се збунети, исплашени од заканите кои им се упатени од МКФ доколку не појдат кај нив на проценка ќе бидат законски санкционирани. Досега од Заводот ги остваруваа следниве права: превоз, образование, вработување под заштитни друштва, парична помош, скратено работно време за родителот, постојана парична помош за лица над 18-ет годишна возраст. За жал во државата има фамилии кои опстојуваат од тој додаток. Но, сето тоа не го интересира министерот Филипче и неговите криминогено настроени пајташи, па во текот на вчерашнито ден се случи СКАНДАЛ.
Вчера 06.02.2020 г. беше најавен состанок со директорскиот тим на Здравствен Дом – Скопје, со претставници од Влада за да бидат примени во истиот 12 лица од МКФ со превземање, кои ќе ја одземат дејноста на Комисиите од Заводот. Каде освен раководителот и главната сестра, другите не биле добредојдени. Така да пред состанокот, претставници од секој профил, педагог, социјален работник, логопед, дефектолог и спец. педијатар, биле избркани најпрво од директорот Др В. Исјановски, спец. психијатар, а подоцна и од економскиот директор. Бесим Кока, со зборовите: „Мрш, одете си! Да Ве нема! Што сте дошле, кој сте ВИЕ да бидете на состанок со претставници од Влада? Ќе ве казнам што сте го напуштиле работно место со 10% на плата.“
За да на крај драмата на економскиот директор на ЗДС да застане во расчекорен став на вратата од кај Директорите, не контролирајќи ја својата невербална комуникација и да го попречува влезот на колегите во салата за состаноци.
Според искази од сведоци кои се затекнале на местото на настанот економскиот директор Бесим Кока, се обраќал на висок тон, разлутен и гневно кон колегите. Што воопшто не доликува на директор, уште помалку на личност која е доктор и психијатар. Меѓу присутните била и повеќе годишната Раководителка на Заводот, кон која упатените закани од страна на економскиот директор се однесувале на кратење на дневницата за тој ден и бркање од работа. Присутните биле навредени, понижени…
Ова случување во кое Инстуцијата се става присилно под МКФ, се отвара прашањето за институционалната и општествена сигурност на лицата со попреченост. На Владина седница на11.02.2020.треба да помине превземањето налицата од МКФ во ЗД Скопје, а после со други измени во Законите да се подржи нивното работење.
Ова случување при кое насилно и на неприроден начин се пробува да се избутка МКФ како иснтитуција од МТСП под ЗДС, поточно под МЗ, го отвара како прашање следното: Дали и колку се сигурни и заштитени лицата со попреченост кога треба да бидат згрижени од институциите и општеството на соодветен начин?
Треба да се знае дека оваа влада нема ништо свето и освен профит ништо друго не ја интересира, следствено на тоа на Владина седница на 11.02.2020. година, ден Вторник треба да помине и да се изгласа превземањето на лицата од МКФ во ЗД – Скопје, а после со други измени во Законите да се подржи нивното работење.
Промена за крај на оваа влада и ваквото насилничко однесување, Оставка за министерот Филипче и партиските економски директори/полтрони од власта кои со пцости и на вулгарен начин е однесуваат со колегите – посочуваат пациентите, родителите на децата со попреченост