Новата мутација на коронавирусот во Велика Британија носи нови симптоми

Новата мутација на коронавирусот во Велика Британија започна брзо да се шири. Британските научници посочуваат дека е важно што е можно побрзо да се дефинираат и препознаваат новите симптоми на…

Новата мутација на коронавирусот во Велика Британија започна брзо да се шири. Британските научници посочуваат дека е важно што е можно побрзо да се дефинираат и препознаваат новите симптоми на заразата. Симптомите кои досега се познати се многу слични како кај веќе постоечкиот коронавирусот и вклучуваат: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци на јазикот.

Американскиот експерт Ентони Фаучи истакна дека пациентите можат да чувствуваат отежнато дишење и болка во мускулите и зглобовите дури и откако вирусот ќе го напушти нивното тело. Новата мутација на коронавирусот покажува варирање на симптомите од исклучително тешки до речиси незабележливи.

Во извештај неодамна објавен во Велика Британија се вели дека постојат „реални можности“ кај заразените со новата мутација на коронавирус да е утврдена поголема стапка на смртност.


Related Articles