Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 2.798 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 9, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–29, Жан Митрев (Филип Втори)-54, Авицена-169, Биотек-147, Систина-79, лабораторија Лаор-119, Синлаб-146, Ремедика-7, Плодност–25, Генеа–2, Никоб лаб-461, ВФВ Медикал-57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.201.
Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.